20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА очекува над 100 милиони од рекламите на терените

НБА очекува над 100 милиони од рекламите на терените

arena1

Од следната сезона тимовите од НБА ќе можат да го продадат рекламниот простор на паркетот на своите кошаркарските терени, информира „ESPN“.

Местото што ќе можат да го користат за реклами е она на кое тимови како Кливленд Кавалирс во моментов го промовираат на своите веб-сајтови. Местото се наоѓа точно пред резервните клупи на двата тима, а клубовите ќе можат да продадат рекламен простор со димензии до 5.5 метри.

Рекламите треба да бидат лесни за отстранување, бидејќи ќе бидат прикажани само за време на натпреварите кои не се пренесуваат во националениот етер.

arena

Според Дарен Нурнати од „ESPN“ рекламите на терените се идеа на заменик-комесарот на НБА Адам Силвер, кој ќе го замени Дејвид Штерн како комесар на НБА од следната сезона.

Силвер поддржуваше и реклами на дресовите на екипите од НБА, но оваа идеа наиде на отпор. Реклами на градите на кошаркарите се очекуваше да генерираат приходи од над 100 милиони долари, но според НБА рекламите на паркетот ќе донесат повеќе приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП