18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлисон руши рекорди, се сели во Ливерпул за 75 милиони евра

Алисон руши рекорди, се сели во Ливерпул за 75 милиони евра

Голманот на Рома, Алисон Бекер, наскоро ќе стане член на Ливерпул, откако римскиот клуб ја прифатил рекордната понудата на тимот од „Енфилд“, објави британскиот сервис Би-би-си.

Ливерпул за бразилскиот репрезентативец на Рома и понудил 75 милиони евра, што е рекордна сума кога станува збор за голмански трансфер. Во моментов рекордот го држи Јувентус, уште од 2001 година, кога на Парма и плати 53 милиони евра за Џиџи Буфон.

Ливерпул со трансферот на Алисон планира долгорочно ќе го реши горливото прашање на голманската позиција, бидејќи Симон Мињоле не е постојан во својата форма, а Лорис Кариус беше директен виновник што Ливерпул не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Рома, од друга страна, парите од трансферот на Алисон, според шпекулациите на медиумите ќе ги насочи кон младиот голман на Милан, Донарума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП