28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРФМ ја исплати премијата за изборениот пласман на СП

РФМ ја исплати премијата за изборениот пласман на СП

По претходно донесена одлука на Управниот одбор, денес Ракометната федерација на Македонија (РФМ), им ја исплати премијата од 40.000 евра на ракометарите за изборениот пласман на Светското првенство што во 2019 година ќе се игра во Данска и Германија.

Ова ќе биде веќе шесто учество на македонските машки сениори на Светските првенства, по настапите во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013), Катар (2015) и Франција (2017) и вкупно единаесетто учество на големите натпреварувања заедно со Европските Првенства.

Светското првенство во Данска и Германија ќе се игра во периодот од 10. до 27. јануари 2019 година, а Македонија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Минхен во Германија, каде за противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП