25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Финале за паметење, Франција е светски првак

СП 2018: Финале за паметење, Франција е светски првак

Францција ја освои титулата на 21.Светско првенство во Русија. Во големото финале, на „Лужники“ во Москва, Франција ја победи Хрватска со 4:2 (2:1). Франција ја освои втората титула во својата историја, по онаа на домашен терен во 1998 година. Селекторот на Франција, Дидие Дешам е третиот во историјата кој станал светски првак како играч и како селектор, претходно тоа им успеало на Марио Загало и Франц Бекенбуер.

Хрватите многу поконкретно го отворија натпреварот, од стартот го притиснаа противникот, со намера сами да ја решат својата судбина. Најчесто, Хрватите се закануваа преку бочните позиции, каде најситканта беше Перишиќ, меѓутоа „триколорите“ успеваа да се справат со тие налети.

Франција никако не успеваше да се ослободи од притисокот и барем за момент да се пресели на противничкито поле.

Меѓутоа работите целосно се сменија во 19.минута, кога по слободниот удра на Гризман несреќниот Манџукиќ малку ја закачи топката и го смени правецот и ја испрати во сопствениот гол.

И покрај несреќно примениот гол Хрватска не го смени пристапот, константно притискаше кон голот на Љорис. Наградата за таквиот пристап стигна во 28.минута, кога Перишиќ од испрати вистински проектил од 14 метри во францускиот гол.

Десет минути подоцна по корнерот што го изведе Гризман, стрелецот Перишиќ играше со рака, а судијата Питана откако ја прегледа снимката покажа на белата точка.

Гризман ладнокрвно го изведе пеналот и во 38.минута повторно и ја врати предноста на Франција.

Хрватска фајтерски влезе во второто полувреме, со уште посилен притисок. Таквата игра им донесе неколку полу-шанси, а инфериорноста на Французите селекторот Дешан ја реши со првата измена, Нзонзи влезе на местото на Канте.

А по измената следуваше еден блицкриг на „триколорите“, сличен каков оној што го направија против Аргентина во осмина-финалето.

Првата вистинска акција што на мечот ја одиграа Французите, со гол ја заврши Погба. Ирачот на Манчестер јунајтед се обиде со со десна нога, а откако ударот беше изблокиран со лева го совлада Субашиќ во 59.минута.

Шест минути подоцна двоецот на Атлетико Лукас Хернандез и Гризман му подготвија шанса на Мбапе, а тинејџ-ѕвездата од 18 метри го погоди голот на Хрватска за 4:1.

Играта на Хрватска беше наградена во 65.минута, кога голманот Љорис направи неверојатен кикс и му подари гол на Манџукиќ. Напаѓачот на Јувентус е првиот играч што во финале на Светско првенство постигнал гол и авто-гол.

По голот на Манџукиќ темпото на играта падна, Хрватите ја држеа топката, но без сериозна закана кон голот на противникот, а Французите само чекаа да мине времето.

Франција на патото до титулата ги забележа следниве резултати: Австралија (2:1), Перу (1:0), Данска (0:0), Аргентина (4:3), Уругвај (2:0), Белгија (1:0), Хрватска (4:2).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП