28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелси го потврдија Маурицио Сари, тој вети возбудлив и атрактивен фудбал

Челси го потврдија Маурицио Сари, тој вети возбудлив и атрактивен фудбал

Челси, конечно, по долга трансфер сага, потврдија дека Италијанецот Маурицио Сари е нивниот нов менаџер. Сари потпиша тригодишен договор со клубот од „Стемфорд бриџ“ и доаѓа на местото на сонародникот Антонио Конте, кој беше отпуштен вчера.

Ангажирањето на поранешниот тренер на Наполи доаѓа по долг период на шпекулации, и по одложувања поради сумата која „сините“ требаа да ја платат на Наполи за да го ослободат од договорот со клубот. Челси веќе една недела почнаа со тренинзите и Сари вели дека е нестрплив да почне со работа.

„Едвај чекам да почнам со работа и да се запознаам со фудбалерите во понеделник пред да патуваме во Австралија. Се надевам дека на нашите фанови ќе им понудам забавен фудбал и дека ќе се натпреваруваме за трофеи на крајот на сезоната, како што овој тим заслужува“, вели Сари.

Директорката на фудбал на Челси, Марина Грановскаја, вели дека Сари треба да донесе фудбал кој ќе ги воодушеви фановите.

„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Маурицио и едвај чекаме неговата фудбалска филозофија да пристигне во Челси. Наполи под Сари го играше највозбудливиот фудбал во Европа, импресионирајќи со приодот, динамиката и тренерските методи. Тој има искуство во Серија А и во Лигата на шампионите и тоа му дава одлична шанса да работи успешно во Премиер лигата“, изјави Грановскаја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП