19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку Роналдо ќе заработува на час во Јувентус?

Колку Роналдо ќе заработува на час во Јувентус?

Кристијано Роналдо ќе заработува по 30 милиони евра од плата во наредните 4 години, откако Реал Мадрид ја продаде својата ѕвезда на Јувентус за 100 милиони евра.

Ова значи дека Роналдо ќе добие 2.5 милиони евра месечно, 625.000 евра неделно, 89.285 евра дневно или 3.720 евра на час.

Цената на играчот за минута ќе изнесува 62,39 евра, а секунда ќе биде 1,03 евра. Нормално тука не се вклучени бонусите што ќе ги добива, во согласност со неговиот договор.

Трансферот ќе го чини Јувентус барем 350 милиони евра – 100 милиони евра трансферна сума, 30 милиони евра годишно за плата и уште толку за даноци, како и 10 милиони евра провизија за менаџерот на Роналдо, Жорже Мендеш.

Во последните 12 месеци Роналдо заработил 108 милиони долари (92 милиони евра), со што се наоѓа на третото место меѓу најдобро платените спортисти во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП