29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога сте настинати не ги правете овие работи!

Кога сте настинати не ги правете овие работи!

Тешко дишете, кивате, кашлате, се ви се собрало, очајни сте и посакувате да оздравите. Мислите дека со земањето на повеќе лекови побрзо ќе ја победите настинката, а всушност нашето тело е подготвено на свој начин да се одбрани од инфекцијата. Прочитајте ги петте грешки кои сигурно ги правите во обид што побрзо да ја „избркате“ настинката.

1. Претерувате со лекови

Само што го испивте лекот кој ја ублажува болката во грлото, поминале 15 минути и ништо не се случува. Сакате да земете уште еден? Ова е потполно погрешно. Треба да знаете дека повеќето лекови започнуваат да делуваат по половина час од земањето. Проблемот е во тоа што кога сте настинати, нетрпеливоста преовладува бидејќи сакате настинката и болките што побрзо да поминат. Мора да научите да се воздржите и да бидете трпеливи. Со внесување на лекови во поголема доза од потребната нема да направите ништо посебно, освен што може да предизвикате некои лоши симптоми.

2. Го дувате носот премногу силно

Нормално е ова да го правите кога имате кивавица, но тоа не треба да биде пречесто. Со постојаното силно дување на носот, течноста од носот можете да ја однесете кон синусните шуплини. Во носната течност се наоѓаат различни бактерии и вируси, а кога ќе завршат во синусните шуплини, може да предизвикаат инфекција.

3. На работа се налевате со кафе

Мислите дека кафето ќе ви обезбеди голема количина на енергија и ќе ви помогне да го „протуркате“ целиот ден. На вашето изморено тело му е потребен одмор и хидратација со цел да закрепне. Кафето нема да ви помогне, тоа ќе ви го исуши телото и организмот.

4. Се лекувате самостојно

Секој од нас има мала аптека и кога ќе настине, одењето на лекар е последното нешто што ќе го направи. Не се потпирајте на вашето „знаење“ за настинките и лековите, туку посетете го докторот. Никогаш не можете да бидете сигурни дали е настинка, бактериска инфекција или нешто поопасно.

5. Користите капки за нос подолго од препорачаното

Кога носот е затнат, постојано посегаме по капките за нос. Дејството на капките е многу кратко па така никако не можеме целосно слободно да дишеме. Ако користите капки за нос подолго од три дена, ризикувате да добиете запаление на слузницата во носот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП