19 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 23.07.2018 до 29.07.2018

Неделен хороскоп 23.07.2018 до 29.07.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Вие сте многу вредна личност. Но сепак не дозволувајте другите да го злоупотребат тоа.

ЉУБОВ: Полни сте со љубов и внимание. Саканото лице е среќно што ве има.

ЗДРАВЈЕ: Проверете го крвниот притисок.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Ве очекува значаен период. Внимавајте како ќе го потрошите.

ЉУБОВ: Ве очекува возбудлив период со партенерот. Пронајдете некој начин да го изненадите.

ЗДРАВЈЕ: Ви пречат високите температури, пијте доволно течности.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Ова е одлична недела за склопување на бизнис со странство или заминување во странство.

ЉУБОВ: Се чувствувате осамено. Не се грижите, следи многу возбудлив период во вашиот живот.

ЗДРАВЈЕ: Болки во зглобовите.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Сте преземале премногу обврски на себе, па се чувствувате како ништо да не можете да стигнете. Распределете ги задачите.

ЉУБОВ: Понекогаш сте премногу ладни, па не гледате колку ве сака партнерот. Избегнувајте го таквото однесување.

ЗДРАВЈЕ: Зајакнете го имунитетот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Спроведете ги идеите во дела. Не чекајте подобро време бидејќи сега е моментот.

ЉУБОВ: Настапувате ладно и резервирано кон партнерот, без конкретна причина.

ЗДРАВЈЕ: Посетете стоматолог.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Имате голема самодоверба, но умеете да претерате со докажувањето.

ЉУБОВ: Имате преголеми барања, а партнерот има чувство дека ништо нема да може да исполни.

ЗДРАВЈЕ: Вметнете некоја физичка активност во вашиот живот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Спаѓате во лицата кои поседуваат неверојатна енергија и харизма. Искористете го тоа да ја подигнете атмосферата на работа.

ЉУБОВ: Тешко ви е да се отворите пред саканото лице. Заборавате дека тоа би можело да го подобри вашиот однос.

ЗДРАВЈЕ: Пронајдете начин за релаксација.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Колегите мислат дека не сте подготвени за дополнителна работа. Покажете им дека грешат.

ЉУБОВ: Слободните може да очекуваат интересно познанство.

ЗДРАВЈЕ: Лоша венска циркулација.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Ги имате сите можности да остварите голем успех. Вложете се максимално.

ЉУБОВ: Ви сте лесно заљубливи и од авантуристичка природа. Ви се чини дека никако не можете да ја пронајдете идеалната личност за вас.

ЗДРАВЈЕ: Чести промени на расположението.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Имате чувство дека надредените премногу ве форсираат, а се плашите да им кажете што ви пречи.

ЉУБОВ: Уживајте во секој момент. Уживајте во љубовта без оглед колку е таа мала и кратка.

ЗДРАВЈЕ: Проверете го крвниот притисок.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Имате премногу работа, но на тоа наскоро ќе му дојде крај. Ве очекува лесен период на работа.

ЉУБОВ: Чезнеете за љубов, но имате чувство дека тој сегмент стагнира. Љубовта ќе се случи кога најмалку очекувате.

ЗДРАВЈЕ: Можна е главоболка.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Многу ќе се бара од вас, немојте да одите преку своите можности само за да им удоволите на другите.

ЉУБОВ: Знаете да уживате само потребна ви е личност со иста енргија како вашата.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на притисокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП