13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски брендови кои имаат голема перспектива-Кристина Камчева Стојческа, претприемач и креатор на...

Македонски брендови кои имаат голема перспектива-Кристина Камчева Стојческа, претприемач и креатор на брендови

Кога на патување во странство, сосем случајно на место на продажба ќе сретнете македонски производ неминовно е да ве облеа чувство на задоволство. Ако пак некој деловен партнер или пријател јавно пофали македонски бренд, сатисфакцијата е уште поголема. Добивате чувство на важност, на гордост, силен мотив и вашиот бренд, услуга или што и да е да успее на европскиот пазар.

Производи има многу, Но брендови сосем малку! Разликата е токму во вреднувањето, во таа дополнителна вредност, која брендовите ја имаат, и која им дава можност да излезат на конкурентниот светски пазар и рамномерно да се носат со сите предизвици. Тоа е таа вредност кога потрошувачот е спремен да плати и малку повеќе за да го користи вашиот бренд.

Токму на оваа тема разговараме со Кристина Камчева Стојческа, претприемач и создавач на брендови, која зад себе има повеќегодишно успешно искуствo, во различни индустрии…

Според неа следниве  македонски брендови имаат голема шанса за успех на светскиот пазар.

  1. Повеќе од една деценција македонската креаторка Тања Кокев е присутна на македонскиот пазар. Освен венчаниците по кои е препознатлива, Кокев редовно создава колекции во кои таа е постојано различна, сака да експериментира, но дозата на префинетост и елеганција е секогаш на прво место. Таа е една од ретките дизајнери кои се осмелуваат да ја прошират својата дејност. Кокев беше прва дизјанерка која создаде свој парфем чие заштитно лице е македонската актерка Јелена Јованова. Храбро чекори напред и создаде и своја колекција на чевли и ремени. Така да нека не ве чуди ако некоја оскаровка на црвениот килим носи фустан дизајниран токму од Кокев.
  2. Тврдото сирење од Млекара Здравје Радово, направено по италијански рецепт од најквалитетното македонско млеко од Пелагонија во новиот погон на млекарaта во Битола дефинитивно е еден од производите кој брзо ќе доживее голем успех. Млекара Здравје без сомнеж ќе биде врвна приказна за успех

  1. Беспрекорните вина на винарија Камник создадени со безрезервно вложување на знаење, искуство и имагинациј, создадени со беспрекорна технологија од сопствени насади. Камник Cuvée de Prestige 2015 е знаменосецот на оваа винарија, премиум вино кое има освоени бројни награди на престижни вински натреварување.
  2. Мамас. Ајварот е вистински деликатес, а во Македонија никој не прави ајвар како Мамас. Произведен од печени пиперки од Струмица, печен модар патлиџан од Валандово, сончогледово масло и морска сол, со своето креативно пакување и неверојатната приказна за брендот, Мамас има потенцијал да стане најголемиот извозен производ на земјата.
  3. Вранецот со етикета My Way од Бовин е направен од касна селектирана берба од 2011 година од одбрани дехидрирани гроздови од специфична локација на надморска височина од 700 метри. Од лозови насади стари повеќе од 50 години, кои со годините мутирале и успешно се прилагодувале на сите временски услови, за да преку контролирана ферментација се добие полно вино, робусно, кое  веќе на прво мирисање предизвикува експлозија од комплексни ароми на црно зрнасто овошје, кое стимулира веднаш да се проба. Го карактеризира вистинска топлина на овошје, во комбинација со чоколадни тонови, на вино одлежано во дабови буриња. Поради комплексноста се препорачува да се комбинира со силни црвени меса, и десерти од црно чоколадо. Бовин е првата македонска винарија која успеа да пласира вина на соседниот грчки пазар, со ознака Made in Macedonia!

Брендови со повисока вредност посакува да има секоја компанија. Но тие не се создаваат преку ноќ! Потребно е многу време, знаење, верба и пред се долгорочна стратегија да се успее.

Во денешни услови на водење бизнис, кога буквално се е достапно преку интернет, кога лесно и брзо може да се стигне до одредена информација, кога се коментира на фејсбук, предизвикот е уште поголем. Земјата на потекло, не е пресудна, важна е идејата, односно колку тој производ сам по себе е уникатен, препознатлив по квалитет, специфичен на свој начин. Брендови се создаваат!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП