ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги продолжи санкциите против Русија за уште половина година

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за уште половина година

Европската унија ги продолжи со половина година санкциите против Русија поради нејзините активности во Украина, станува јасно од порака на Советот на ЕУ. Санкциите ќе продолжат до 31-ви јануари 2019-та година.

Во соопштението е наведено дека одлуката е донесена откако лидерите на заедницата биле запознаени од германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за имплементација на договорите од Минск, со што се поврзани и санкциите.

28 земји членки ја донесоа одлуката едногласно.

Санкциите се насочени против одбраната, финансискиот и енергетскиот сектор на Русија. Ограничен е пристапот на пет големи државни финансиски институции до европските пазари на капитал, како и на енергетските и компаниите од секторот на одбраната.

Исто така, постои забрана за увоз и извоз на оружје и предмети со двојна употреба.

Одлуката за продолжување на санкциите ќе влезе во сила на 9-ти јули, кога ќе биде објавено во Службениот весник на ЕУ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП