ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јуни 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јуни 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.06.-30.06.2018 година вкупниот промет изнесувал 976.628.164 денари и е зголемен во однос на мај за 13,44 отсто. 

Класичното тргување изнесува 772.230.430 денари и е зголемено во однос на мај за 85,37 отсто кога изнесувало 416.590.612 денари.

Во класично тргување истргувани се акции во вредност од 705.815.156 денари и обврзници во вредност од 66.415.274 денари.

Блок трансакциите за јуни изнесувале 201.223.233 денари и се намалени за 54,72 отсто во однос на мај.

Бројот на трансакции за јуни изнесувал 3.197 и е зголемен за 39,06 отсто во однос на мај кога изнесувале 2.299 .

Најтргувани акции на официјалниот пазар се на Комерцијална банка, следи Алкалоид и Гранит АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за јуни 2018 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП