28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Марадона не е во болница и се чуди кој шпекулира...

СП 2018: Марадона не е во болница и се чуди кој шпекулира за неговата здравствена состојба

Аргентинската фудбалска легенда Армандо Диего Марадона ги демантираше шпекулации кои се појавија во светските медиуми за наводно негова влошена здравствена состојба и хоспитализација.

57-годишниот Аргентинец по синоќешниот дуел на неговата земја со Нигерија, го напушти подиумот придружен со луѓето околу него, а набргу потоа мораше да седне и да добие прва помош.

Некои извори објавија дека по ова Марадона бил хоспитализиран. Се шпекулираше дека тој се предозирал со забранети супстанции, но наскоро тоа беше беше побиено.

Подоцна Марадона објави фотографија од авион, со кој отпатува за Москва каде вечерва планира да го следи натпреварот меѓу Србија и Бразил.

Самиот Марадона по пристигнувањето во главниот град на Русија, изјави дека нема идеја од каде доаѓа информации за неговите здравствени проблеми.

За потсетување, во текот на синоќешниот натпревар со Нигерија, поранешниот најдобар светски фудбалер се однесуваше непримерно и вулгарно гестикулираше по победничкиот гол на „гаучосите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП