19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го дава Алкантара и 50 милиони евра за Герет Бејл

Баерн го дава Алкантара и 50 милиони евра за Герет Бејл

Тијаго Алкантара е еден од фудбалерите што во Реал сака да го види новиот тренер Хулен Лопетеги. Алкантара е продукт на академијата на Барселона, а последните четири сезони го носи дресот на Баерн Минхен.

Лопетеги добро ги познава квалитетите на Алкантара, работел со него најпрвин во младата, а до пред една недела и во сениорската репрезентација на Шпанија.

Баерн нема ништо против да го реализира овој трансфер, но во Минхен имаат интересен план, Алкантара и 50 милиони евра за Герет Бејл, чија иднина во Мадрид е неизвесна бидејќи со претходните свои изјави Лопетеги покажал дека не е импресиониран од Велшанецот.

Доколку оваа комбинација не им успее на Баварците, тие според шпекулациите биле подготвени да тргнат по Паоло Дибала од Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП