29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНагради за најдобрите ученици на скопските регионални натпревари

Награди за најдобрите ученици на скопските регионални натпревари

Градоначалникот Шилегов во салата на Советот на Град Скопје им додели благодарници и награди на учениците што постигнаа најдобри резултати на скопските регионални натпревари.

„Честитки најнапред до вас децата што ги освоивте наградите затоа што вие сте причината што денеска се собравме, честитки и до родителите за големите успеси на вашите деца, знам колкава е гордоста на еден родител да има дете што денеска ќе прими ваква награда. Сакам да изразам благодарност и до професорите и до асоцијациите, кои свесно или не промовираат силни и самостојни личности бидејќи најголема сила понатаму во животот ќе биде вашето знаење. Затоа и како градоначалник ја поддржав и решив да ја продолжиме оваа манифестација затоа што мислам дека на Скопје му требаат силни и самостојни личности, кои нема да ги веднат главите, туку гордо ќе стојат и ќе се борат за своите права затоа што слободата нема цена“, истакна Шилегов.

Тој додаде дека токму затоа Град Скопје вложува големи напори и средства во реализација на овој значаен настан, а целта е да се промовира образовниот процес и да се стимулира креативноста што ја имаат учениците како млади луѓе и да се изнајде начин како таа да се канализира за да излезе на површина и да не биде запоставена. „Памтете ги овие ваши успеси, ќе дојде ден кога многу ќе се гордеете на нив, продолжете по патот по кој веќе чекорите и инвестирајте во знаењето, само така ќе бидете свои на своето“, им порача Шилегов на учениците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП