16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските тимови ги добија потенцијалните ривали за втората рунда

Македонските тимови ги добија потенцијалните ривали за втората рунда

Трите македонски претставници во Лига Европа (Вардар, Работнички и Шкупи) ги дознаа имињата на потенцијалните противници во второто квалификациско коло. Секако, македонските тимови најпрвин ќе мора да ја минат првата квалификациска рунда.

Работнички и Шкупи немаа многу среќа со ждрепката за првото коло, за разлика од нив Вардар доби противник по мерка.

Доколу „црвено-црните“ во двомечот од првото коло го минат ерменскиот претставник Пјуник, во втората рунда ќе играат против победникот од дуелот помеѓу Самтредија (Грузија) и Тобол (Казахстан).

Шкупи доби тешка задача во првото коло во името на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс. Доколку Шкупи успее да ја мине првата фаза, во втората ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу Петрокуб (Романија) и Осиек (Хрватска).

Работнички во првото коло ќе игра против унгарски Хонвед, а потенцијален противник на „романтичарите“ во втората рунда ќе им биде Нидеркорн (Шведска) или Габала (Азербејџан).

Натпреварите од првото коло, во кое, според ждрепката, сите македонски тимови ќе гостуваат, се играат на 12 и 19 јули, а дуелите од второто коло се закажани за 26 јули, односно 2 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП