16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2018: Роналдо е најдобриот европски репрезентативен стрелец

СП 2018: Роналдо е најдобриот европски репрезентативен стрелец

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, денеска го постигна 85 гол за својата репрезентација и стана најдобриот европски репрезентативен стрелец во историјата.

Роналдо беше стрелец на победничкиот гол за Португалија против Мароко, а по хет-трикот против Шпанија ова е негов четврти погодок на Светското првенство во Русија.

Тој успеа да го надмине легендарниот Ференц Пушкаш, кој во периодот од 1945 до 1956 година постигна 84 гола за унгарската репрезентација.

Прв на листата на репрезентативни стрелци е Али Даеи од Иран со 109 погодоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП