ПочетнаЕКОНОМИЈАЧелниците на ЕУ на вонреден состанок поради мигрантите

Челниците на ЕУ на вонреден состанок поради мигрантите

Вонредна средба на ЕУ со цел да се најде европско решение за прашањето со бегалците ќе се одржи в недела во Брисел, објави агенција АПА.

Седум држави ќе се состанат во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на тема илегална миграција, зајакнување на даблинскиот договор и улогата на Фронтекс.

На состанокот ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел, како и шефовите на држави и влади на Италија, Франција, Шпанија, Грција, Бугарија и на Австрија.

Вонредната средба е подготовка за самитот на ЕУ закажан за четврток и петок.

Меркел е под силен притисок во Германија за нејзината политика кон барателите на азил и сака да најде европско решение за спречување колапс на коалицијата ЦДУ/ЦСУ. Имено, партијата ЦСУ испрати ултиматум до Меркел до крајот на јуни да најде европско решение за проблемот со мигрантите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП