18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 12 години, Руи Патрисио го напушти Спортинг

По 12 години, Руи Патрисио го напушти Спортинг

Португалскиот репрезентативен голман, Руи Патрисио, кариерата ќе ја продолжи во англиската Премиер лига. Патрисио потпишал четиригодишен договор со Вулверхемптон.

Португалецот во Премиер лигата доаѓа од Спортинг Лисабон. Во овој клуб голманот е од 12-годишна возраст, а во 2006 година дебитирал за првиот тим.

За Спортинг одиграл 460 натпревари, а на 179 од нив успеал да остане несовладан.

Руи Патрисио (30) пред две години со Португалија ја освои европската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП