Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Зошто децата треба да играат фудбал

Време: 13:16

Датум: јуни 13, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалот е најважната споредна работа на светот. И тоа како за големите, така и за малите; за родителите и за децата, заедничка забава и активностшто и не е многу честа практика во секојдневието.

Нема маало, нема тревник, нема ќоше во светот каде што нема да видите дечиња кои посветено трчаат по топката, собираат албуми и сликички од нивните омилени фудбалери и сонуваат за денот кога нивното име ќе биде испишано на дрес. По наставата се собираат во школскиот двор, и играат додека не се стемни. Особено за помалите деца, „фудбалот е магијата” што ги движи, ги мотивира да бидат подобри.

Децата се учат на борба, на упорност, да не се откажуваат лесно од она што го сакаат. Да се развијат физички, да ги подобрат своите моторни вештини, да се научат да губат, и тоа нормално да го поднесуваат. Бидејќи таков ќе биде животот. Во победата да не летаат, да не се вообразуваат; од поразот да не се обесхрабруваат”, смета Филип Поповски генерален Секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Во детската лига на ФФМ играат над 6000 дечиња во седум региони од целата држава, што само по себе покажува дека фудбалот е број еден спорт во македонија, и спорт кој децата го сакаат најмногу. Вистински пример за тоа беше неодамна организираниот финален турнир од ФФМ – Детската лига. Учествуваа 48 екипи кои се натпреваруваа во шест возрасни категории – генерација играчи родени 2005. 2006. 2007. 2008. 2009. и 2010. Во секоја од овие генерации се натпреваруваа по осум екипи. Повеќе од 1000 деца од цела Македонија беа присутни на завршниот турнир на ФФМ – Детска лига.

Фудбалот ти опушта децата, им ја презема грижата, ги учи на помирливост и истрајност, на живот преку игра, победа и пораз, што е особено важно во светот на возрасните. Ги оспособува да се снаоѓаат во различни ситуации, да ги контролираат емоциите и стресот. Независно дали вашите деца тренираат фудбал во некој клуб, или едноставно се само талентирани и уживаат да играат со другарчињата, треба да ги знаете придобивките и предностите од играњето на најважната споредна работа на светот:

  1. Здравствени придобивки. Генерално, спортот е од исклучителна важност за детскиот развој и здравје, и од него децата имаат само придобивки. Особено од фудбалот, кој е активен и предизвикувачки спорт, децата многу побрзо ги развиваат брзината, агилноста, силата, координацијата на телото со очите и најважното од сѐ – ја подобруваат својата кардиоваскуларна издржливост.

 

  1. Цврсти пријателства. Пријателствата изградени во тимовите на деца што играат фудбал се посилни од вообичаените училишни или маалски дружби. Бидејќи фудбалските тимови се составени од многу играчи, децата учат да се вложуваат во заедничка цел, да прифаќаат и да разбираат различни карактери. Сето тоа е скапоцено во нивниот подоцнежен живот; директен влог во сопствената и во иднината на своето опкружение.

 

  1. Дисциплина и позитивна рутина. Самиот фудбал е игра каде што е потребна концентрација и истрајност, бидејќи едно мало испуштање на топката може да значи гол за спротивниот тим. Дисциплината што децата ја учат на тренинзите помага тие да се развијат во одговорни личности, што во животот како возрасни многу ќе им помогне. Од почитување на закажан термин, до волја да се истрча и последниот круг обврски. Освен тоа, самата игра е доволно напорна да ги натера рано да одат на спиење што е клучно за правилен развој во раните години. Дополнително, децата што тренираат фудбал покажале значително помал интерес за девијантни однесувања и експериментирање со дроги во тинејџерските години.

 

  1. Работна етика. Не секој ден децата се расположени да истрчаат 50 кругови околу теренот, да прават склекови на жештини и со часови да скокаат на една нога. Но, за успешен тим и успешна игра, тренинзите мора да се одржуваат и да се почитуваат до крај. А во вистинскиот живот, работите се уште помалку розови, па работната етика и дисциплината што децата ја стекнуваат преку фудбалот е непроценлива за нив како возрасни.

 

  1. Тимска работа. Фудбалот е навистина тимска игра. Со 11 играчи кои меѓусебно зависат еден од друг, одговорноста е голема и секој игра своја улога. Децата учат како овие улоги да се надополнуваат една со друга, а способноста за тимска работа е посакувана спсообност за сите работни места кога ќе пораснат.

 

  1. Физичка подготвеност. Фудбалот не е лесен спорт. И да, понекогаш се случуваат повреди, како и во секој друг спорт. Но, модринките и гребаниците поминуваат, а децата учат дека се посилни од болката, и дека воопшто, се посилни отколку што и самите знаат. А малку храброст и издржливост во животот, никогаш не се на одмет.

 

  1. Ментална подготвеност. Како дополнување на физичката, менталната подготвеност е исто така огромна придобивка. За играње фудбал треба силен ум. Било да се работи за справување со модринките или со емоциите по направена грешка или изгубен натпревар, децата развиваат ментална сила и подготвеност која можеби не би ја добиле на друго место.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонија и Русија согласни да најдат решение за привременото ограничување за извоз

    Македонија и Русија согласни да најдат решение за привременото ограничување за извоз

    Со цел надминување на проблемите настанати со привременото ограничување на извоз на коскесто овошје во Руската Федерација, денеска се одржа состанок во амбасадата, на кој…

  • Наваро, конечно, замина во пензија

    Наваро, конечно, замина во пензија

    Шпанската кошаркарска легенда, Хуан Карлос Наваро, ја заврши својата играчка кариера и се приклучи на водството на Барселона, потврдија од каталонскиот клуб. „Хуан Карлос Наваро…

  • Се очекува одлука дали „Герешајмер“ ќе инвестира во Македонија, во игра се две земји

    Се очекува одлука дали „Герешајмер“ ќе инвестира во Македонија, во игра се две земји

    Се очекува одлука дали германската компнаија „Герешајмер“ ќе инвестира во Македонија. Бордот ќе ја донесе одлуката во последниот квартал годинава бидејќи во опција се две…

  • Изложба на оружје и воена опрема по повод Денот на АРМ

    Изложба на оружје и воена опрема по повод Денот на АРМ

    По повод одбележувањето на Денот на АРМ, утре 18 август (сабота), на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, од 10 до 14 часот, ќе…

  • Инфлацијата во ЕУ покажува мало зголемување во јули

    Инфлацијата во ЕУ покажува мало зголемување во јули

    Годишната инфлација во Европската унија бележи благ пораст на месечна основа во јули. Минатиот месец, порастот на цените изнесуваше 2,2% од 2,1% во јуни, објави…

  • Новата ŠKODA FABIA(ФОТО)

    Новата ŠKODA FABIA(ФОТО)

    Škoda го освежи и го наполни со технологија својот популарен модел од B сегментот, а почетокот со продажба на Fabia на европскиот пазар е одбележан…

  • BMW полека ја открива новата Seriеѕ 3 (видео)

    BMW полека ја открива новата Seriеѕ 3 (видео)

    „BMW“ постапено открива детали од новиот модел, а во најновото соопштение, покрај видео снимката од пред-продуктивниот тест на автомобилот – објавени се и неколку нови…

  • Intel го купува стартaпот за обука на машини Vertex.AI

    Intel го купува стартaпот за обука на машини Vertex.AI

    Американскиот технолошки концерт го купува тригодишниот стартап за обука на машини „Vertex.AI“ со седиште во Сиетл. Нејзините алатки им овозможуваат на програмерите да вградат длабоки…

  • Рај за банките – сите имаат зголемена заработка

    Рај за банките – сите имаат зголемена заработка

    Македонија дефинитивно е рај за банките. „Големата тројка“ – НЛБ, Комерцијална и Стопанска имаат значителен раст на профитите во првите шест месеци од годинава. Од…

  • Како да донесете тешка одлука на лесен начин?

    Како да донесете тешка одлука на лесен начин?

    Познатиот француски филозоф и математичар Рене Декарт уште во 17-тиот век пронашол многу едноставно и ефективно решение за донесувањето на тешки одлуки кое и денес…