16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува Баскерфест 2018-та

Почнува Баскерфест 2018-та

Вечерва во 19 часот ќе биде отворен 13-тиот по ред фестивал на улични изведувачи, Баскерфест 2018.

Градскиот плоштад „Македонија“, шест дена од 12-17 јуни ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер бендови.

За најмладите ќе има и детска едукативна работилница „Киндер Парк“, едукативен пет корнер за животни, како и неколку интеркативни игри.

Ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници – „Арт’Н’Крафт“. За фудбалските фанови, по повод престојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер.

Фестивалот, традиционално е под покровителство на Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП