19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал ќе плати 100 милиони евра за Ериксен

Реал ќе плати 100 милиони евра за Ериксен

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, најверојатно, по Светското првенство ќе го напушти Тотенхем.

Еден од клучните фудбалери на Тотенхем во изминатите три сезони и лидер на данската репрезентација, според шпекулациите, кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, иако сериозен интерес за него покажа и Барселона.

Реал на Тотенхем му понудил 100 милиони евра, сума што Спарси ќе ја прифати. За реализација на трансферот најважна е добрата соработка на тимовите во претходните години.

Реал од Тотенхем ги донесе Герет Бејл и Лука Модриќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП