ПочетнаЕКОНОМИЈАПаднати дрвја, оштетени автомобили од невремето, екипите се на терен

Паднати дрвја, оштетени автомобили од невремето, екипите се на терен

Кратка, но поројна бура со ветрови од над 80 км/ч претпладнево го зафати Скопје и предизвика бројни штети врз јавниот и приватниот имот и зеленило.

Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време, информираат од Град Скопје.

Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување на булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден.

До Градот Скопје пријавени се 30-ина паднати дрвја врз улици и тротоари, бандери и електрични кабли, а некои од нив и причиниле и позначајна штета врз автомобили и друг приватен имот.

Град Скопје ги повикува граѓаните на трпение и на помош на јавните претпријатија за отстранување на проблемите во градот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП