23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез струја делови на Карпош, Центар и Кисела Вода

Без струја делови на Карпош, Центар и Кисела Вода

„ЕВН Македонија“ известува дека денеска се планирани исклучувања во електросистемот, и тоа во периодот од 8.45 до 12 часот дел од корисниците од улицата Миле Поп Јорданов, дел од улицата Козле кај бензинската пумпа, дел од улицата Стрезово, како и дел од улицата Џумајска во општина Карпош.

Струја во периодот од 8 до 12 часот нема да им и за дел од корисниците од улицата Андреја Петковиќ во општина Кисела Вода. Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата 50. дивизија во општина Центар, а во периодот од 8 до 15 часот корисниците од улицата Јуриј Гагарин, подулица 6, и ОУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП