16 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Феми Курти и филмот „Исцелител“ под отворено небо во Градскиот...

Концерт на Феми Курти и филмот „Исцелител“ под отворено небо во Градскиот парк

Македонската филхармонија, киното „Милениум“ и Град Скопје организираат два атрактивни настана што ќе се случат под отворено небо во Градскиот парк во Скопје, од кои едниот е утре во 21 часот, 7 јуни, а станува збор за концертот на Феми Кути, а вечерва во 22 часот ќе се одржи настанот „Кино на отворено“, на кој ќе биде прикажан повеќенаградуваниот македонски филм на Ѓорче Ставрески, „Исцелител“.

„Првпат работам со голем оркестар и ова е мојот најпосакуван сон“, рече големиот африкански музички уметник Феми Кути на денешната прес-конференција, кој заедно со неговиот фантастичен бенд „Позитив форс“ и оркестарот на Македонската филхармонија, ќе одржи концерт под отворено небо.

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, рече дека по големата европска турнеја, Феми Кути со својот бенд доаѓа во Скопје и првпат неговата музика ќе звучи со симфониски оркестар. „Ќе реализираме и втор настан кон крајот на јуни, исто така на отворено, за кој дополнително ќе известиме. А овој пат публиката ќе има можност да слуша музика во која се соединуваат афроритмите со џезот и класичната музика“, рече Илиески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП