ПочетнаИНТЕРЕСНОДесет милиони евра за Србите ако станат светски шампиони

Десет милиони евра за Србите ако станат светски шампиони

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги „испрати“ репрезентативците на Светското првенство во Русија, и им вети на „Орлите“ награда од фантастични 5 милиони евра доколку стигнат до финалето и дополнителни пет ако ја освојат титулата.

Србија, прво ќе има тешка задача да ја помине својата група во која е со Бразил, Костарика и Швајцарија, за што Вучиќ им вети „скромни“ половина милион евра.

„Парите не се толку важни, бидејќи повеќето од вас заработија повеќе во својата кариера, но сакаме да покажеме колку е важен добар резултат за нашата земја. Борбеност за боите, химната и за секој граѓанин на Србија“, изјави Вучиќ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП