1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБаскерфест 2018 збогатен со многу нови забавни содржини

Баскерфест 2018 збогатен со многу нови забавни содржини

Баскерфест 2018 ќе се одржи од 12 до 17 јуни на плоштадот „Македонија“ во Скопје, но традиционално и во другите градови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во караванот кој носи среќа.

Фестивалот на улични изведувачи оваа година ќе понуди многу забава за сите возрасти. Сите посетители, па и случајни минувачи, освен во врвните баскер мајстории на жонглери, акробати, циркуси, кловнови, ќе може да уживаат и во многу нови забавни содржини.

Најмалите секојдневно ќе можат да се дружат и едуцираат во детската едукативна работилница, каде што ги очекуваат многу изненадувања. Тука ќе биде и корнерот за животни, односно пет-катче каде што преку забава ќе се едуцираат за милениците заедно со Марко Новевски, а ќе се собираат донации и за бездомни животни.
На плоштадот „Македонија“ ќе има и базар на ракотворци, а за првпат е органзиран и Аrt’s n Craft’s – за луѓето кои имаат креативност и знаат како од обични предмети да креираат уметност. На првото издание на Art’s n Craft’s, задачата на пријавените креативци е на метални буриња за пиво да ја изразат својата визија и креираат уметност. Настанот ќе има натпреварувачки карактер со награди за најдобрите.

Ќе бидат поставени и интерактивни инсталации кои ќе ги анимираат сите посетители. Како главна атракција е Тунелот на стравот каде што со воз на шини ќе се минува низ неколку страшни конструкции опремени со соодветно осветлување, реквизити и звучни ефекти. Ќе има и ѕид со гуми за качување, photo booth, кафез со балони, арт-маса и уште многу интересни инсталации во кои публиката ќе може интерактивно да се вклучи.

За љубителите на спортот ќе биде поставен спортски корнер, со игри од натпреварувачки карактер, како и корнер каде што ќе може да ги научите стрелачките вештини.

Во склоп на Баскерфест, покрај атрактивната баскер програма на улични изведувачи, ќе има и музички стејџови со одлични бендови од сите страни на светот. Oбјавен е и конкурс за млади македонски бендови, диџеи и пејачи кои би сакале да се претстават пред поголема публика и да го покажат својот музички талент. Баскерфест 2018 повикува и волонтери од 18-35 години, кои активно би се вклучиле во организацијата на фестивалот, каде што ќе стекнат незаборавно искуство дружејќи се со артисти и перформери од целиот свет.

Сите заинтересирани музичари и волонтери може да испратат порака на е-пошта со кратка биографија на [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП