9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо „Аида“ вечерва ќе се спушти завесата на Мајските оперски вечери

Со „Аида“ вечерва ќе се спушти завесата на Мајските оперски вечери

Приказната за мистичниот Египет, Вердиевата „Аида“, денеска традиционално ќе ги затвори и овогодишните 46. по ред Мајски оперски вечери.

„Љубовниот триаголник помеѓу робинката Аида, командирот на војската Радамес и принцезата Амнерис ќе нè пренесе во едно минато време, а изведбите на Ана Лукреција Гарсија (Венецуела), Валтер Фракаро (Италија) и Софија Јанелидзе (Грузија) ќе ни приредат волшебно искуство и задоволство. Во останатите улоги се нашите првенци Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Марјан Јовановски, Александара Лазаровска Василевски и Марјан Николовски. Диригент е нашата Бисера Чадловска, а режијата на Дејан Прошев“, соопшти Македонската опера и балет.

МОБ настанот ѝ го посвети на Данка Фирфова по повод 100-годишнината од нејзиното раѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП