24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург повторно сака место во Лигата на шампионите

Металург повторно сака место во Лигата на шампионите

Металург сака и следната сезона да биде дел од Лигата на шампионите, откако од клубот потврдија дека ќе аплицираат за дополнително место до ЕХФ.

Металург и минатата сезона настапуваше во Д/Е групите од Лигата на шампионите, откако доби зелено светло од ЕХФ. Вардар, како актуелен шампион на Македонија веќе има обезбедено место во ЛШ.

“И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од најсилното европско клупско натрпеварување, Лигата на шампионите. Денеска ни завршуваат обврските во домашното првенство, а во текот на идната недела преку канцеларијата на РФМ ќе ја испратиме нашата апликација до ЕХФ. Се надеваме дека со нашата игра, нашиот квалитет и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита“, изјави Зоран Цветановски, претседателот на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП