25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер јунајтед се засилува со тинејџер од Порто

Манчестер јунајтед се засилува со тинејџер од Порто

Првото летно засилување на Манчестер јунајтед ќе биде во дефанзивната линија. Жозе Мурињо, ја добил битката со Реал и Јувентус, за својот млад сонародник, Диого Далот.

Далот е играч на Порто, неодамна го прослави 19.роденден, а неговата позиција во тимот е покрај десната аут линија. Јунајтед за неговите услуги на Порто ќе му плати 17,4 милиони фунти (приближно 20 милиони евра).

Далот ги минал сите возрасни категории во младите португалски селекции (од у15 до У21), а во октомври минатата година дебитирал за првиот тим на Порто.

Тој во тимот доаѓа за на десната бековска позиција да му биде алтернатива на капитенот Антонио Валенсија, бидејќи Италијанецот Матео Дармијан ќе го напушти „Олд Трафорд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП