ПочетнаКОМПАНИИКои се најскапите брендови во светот?

Кои се најскапите брендови во светот?

За прв пат две кинески компании се најдоа во топ 10 најскапи брендови во светот.

Тоа се „Alibaba“ и „Tencent“, кои се најдоа во друштво со гиганти како „Apple“ и „Google“, покажува рангирањето на „BrandZ“, цитирано од страна на „CNN“.

Број девет во рангирањето е за „Alibaba“ – компанијата на милијардерот Џек Ма, како брендот е оценет на 113 милијарди долари, откако компанијата е успешна не само во сферата на електронската трговија, туку нуди и облачни услуги и мобилни плаќања.

На петтата позиција пак се наоѓа „Tencent“ – првата кинеска компанија со пазарна капитализација која надминува 500 милијарди долари. Пред неа се само „Google“, „Apple“, „Amazon“ и „Microsoft“, а зад себе бренд, како „Facebook“.

Оценката на брендот „Tencent“ се зголеми за 179 милијарди долари, што е раст од 65% во однос на минатогодишната листа, кога кинеската компанија ја заземаше десетта позиција.

„Tencent“ е активна во областа на онлајн игрите, апликациите, комуникациите и платежните услуги.

Топ 10 најскапи брендови во светот:

1. Google

2. Apple

3. Amazon

4. Microsoft

5. Tencent

6. Facebook

7. Visa

8. McDonald’s

9. Alibaba

10. AT&T

Дорин Ванг, шефот на „BrandZ“, коментира дека рангирањето покажува како кинеските гиганти „Alibaba“ и „Tencent“ од локални играчи стануваат глобални корпорации.

Според Ванг, кинеските компании се соочуваат со сериозни предизвици на меѓународните пазари, како што е недоволната доверба во квалитетот на економската историја на Кина.

Сепак, новата генерација на потрошувачи ширум светот создаваат можности за горенаведените корпорации, вели тој.

„Иако пенетрацијата на американскиот пазар се уште е на далечна фаза и за двата брендови, другите региони во светот ги гледаат добро“, вели Ванг.

„Alibaba“ создава успешен пазар во земји како што се Бразил и Чиле, каде онлајн продавницата „AliExpress“ станува водечка платформа за тргување. Компанијата, исто така, има силно присуство во земји како што се Израел, Шпанија и Јужна Кореја.

Од друга страна, „Tencent“ успешно работи на голем број азиски пазари, како што се Тајланд и Сингапур.

Рангирањето на „BrandZ“ се објавува годишно од „WPP“ и „Kantar Millward Brown“. „Google“ ја зазема лидерската позиција во осум од изминатите 12 години. Вредноста на компанијата се зголеми за 302 милијарди долари, или 23% повеќе од минатата година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП