20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар Пелистер – Шкендија...

ФФМ ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар Пелистер – Шкендија од Купот на Македонија

Македонската фудбалска федерација денеска ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар Пелистер – Шкендија од Купот на Македонија.

Цената на еден билет е 100 денари, а ќе може да се набави преку официјалниот дистрибутер на Фудбалската федерација на Македонија, „MkTickets“.

– Карти за финалето од националниот куп кое ќе се одигра на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица може да се купат и на следните продажни места: ТА Ана Турс – Битола; Тобако Монако – Тетово; Кафе бар Концепт – Струмица, информираа од ФФМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП