ПочетнаКОМПАНИИИна на акционерите ќе им дели 45 милиони евра

Ина на акционерите ќе им дели 45 милиони евра

ina-vukova

Најголемата хрватска нафтена компанија Ина ќе им исплати дивиденда на акционерите од вкупен износ од 343.6 милиони куни или 45.4 милиони евра, односно по 34.36 куни за акција.

Акционерите ќе се стекнат со право за исплата на дивидендите на 17-ти јуни оваа година, а се очекува исплатата да биде завршена најкасно до 17-ти јули 2013-та година.

Оваа одлука е донесена на собранието на компанијата на која глас дале 98.3 проценти од членовите на друштвото кои имаат право на глас.

На акционерите за време на собранието им биле презентирани консолидираните и неконсолидираните финансиски извештаи за 2012-та година, потоа извештајот на независниот ревизор, како и состојбата на друштвото и Ина Групацијата во 2012-та година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП