18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИлиоски светски вицепрвак во Маи Таи

Илиоски светски вицепрвак во Маи Таи

Македонските репрезентативци со еден сребрен и еден бронзен медал го завршија учеството на Светското првенство во Маи Таи, што се одржа во Канкун, Мексико.

Бобан Илиоски, во категоријата до 81 килограм, се закити со вицешампионската титула. Тој во финалето е поразен од Кинезот Чан Лоу со 29:28.

„Во првите две рунди водеше Бобан, а во третата за еден поен повеќе победи Кинезот. Бобан доминираше во сите три рунди, Кинезот му ги земаше поените во клинч со колена и беше поактивен“, изјавил за порталот „ipon.mk, селекторот Дејан Митровски.

На патот до финалето Илиоски ги победи Бразилецот Жендерсон Медеирос и Свон Тарнер од Канада, а во полу-финалето го елиминира домашниот натпреварувач Мигел Анхел Роблес.

Пред Илиоски, бронзен медал за Македонија освои Димитар Ѓорѓиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП