23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Година на мајмунот“ на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал

„Година на мајмунот“ на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал

Mакедонската комедија „Година на мајмунот“, по режија и сценарио на Владимир Блажевски, ќе се прикажува на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал, фестивал од А-категорија, кој ќе се одржува од 16 до 25 јуни годинава. Филмот ќе биде дел од панорамската програма на фестивалот, кој е еден од најголемите и најпознати филмски фестивали во источна Азија.

Ова не е прво интернационално прикажување на „Година на мајмунот“ на фестивал од А-категорија. Филмот ја имаше својата светска премиера на Московскиот меѓународен филмски фестивал, еден од најреномираните и најстари филмски фестивали од А-листата.

„Година на мајмунот“, чија домашна премиера беше на отворањето на 21. издание на Скопскиот филмски фестивал, го следи уникатното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе, и нивната авантура во превртениот транзициски свет.

Се снимаше во 2016 година како копродукција меѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово, поддржан од „Еуримаж“, на 80-ина локации во Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и од Хрватска.

„Година на мајмунот“ е на редовен репертоар во киното „Милениум“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП