16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧеферин: Буфон е џентлмен и покрај инцидентот со Оливер

Чеферин: Буфон е џентлмен и покрај инцидентот со Оливер

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, нагласи дека има позитивно мислење за италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон и покрај инцидентот во реванш натпреварот со Реал Мадрид од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Буфон тогаш го нападна судијата Мајкл Оливер поради досуден пенал во последните секунди на натпреварот.

– По натреварот разговарав со многу луѓе, со Ањели, Колина… Тоа беше специфична ситуација. Многу страсти беа вклучени и тешко може да се разганичи меѓу емотивно празнење и навредување, истакна Чеферин.

Според него, реакцијата на Буфон може да се сфати, но е неприфатлива и неоправдана.

– Секако дека ја премина линијата. Но, тој е џентлмен, не е проблематична личност. Сепак тоа што е лошо е лошо, па затоа е покрената истрага. Меѓутоа, секоја казна мора да биде во склад со личноста на која се однесува, потенцира претседателот на УЕФА.

Буфон денеска официјално објави дека по 17 години си заминува од Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП