28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен нов објект за згрижување деца во Куманово

Отворен нов објект за згрижување деца во Куманово

Денеска се отвори новиот објект „Детелинка“ во рамките на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Се работи за адаптиран простор за згрижување 62 деца на возраст од 9 месеци до 6 години. Објектот со три занимални и други придружни простории е на површина од 348 м2.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во своето обраќање потенцира дека ова е уште еден конкретен чекор за зголемување на опфатот на деца во предучилишни установи во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789.000 денари за изведување градежно-занаетчиски работи и 1.513.112 денара за опремување на просторот. МТСП исто така обезбедува средства за редовно вршење на дејноста во овој објект преку блок-дотации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП