Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Борба за првиот европски трофеј сезонава, Марсеј против Атлетико

Време: 12:05

Датум: мај 16, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид вечерва ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Домаќин на финалето е Лион, а финалниот меч ќе започне во 20.45 часот.

Шпанскиот претставник во Лига Европа влезе кога не успеа да ја мине групата во Лигата на шампионите. Ова за Атлетико ќе биде трето финале во Лига Европа од 2010 година, во претходните две „јорганџиите“ го освојуваа пехарот, против Фулам во 2010 и Атлетик Билбао 2012 година.

Од 2010 година наваму Атлетико, покрај двете финалиња во Лига Европа, играше и две финалиња во Лигата на шампионите.

Во тимот на Атлетико повредени се Хозе Хименес и Витоло, а тренерот Диего Симеоне, поради суспензија, финалето ќе го следи од трибините.

„Сè е подготвено за финалето. Марсеј во сезоната напредуваше, нивниот тренер знае да искористи многу опции во тимот. Многу се опсани, особено на средината од теренот и нападот. Ќе биде ова тежок меч“, рекол тренерот на Атлетико, кој како најопасен играч во противничкиот тим го посочил Димитри Паје.

Францускиот репрезентативец влече повреда, но рекол дека нема да го пропушти финалето.

„Имаме мали шанси да забележиме победа, но бидите сигурни дека ќе дадеме сè од себе за да победиме. За нас е голема работа што играме против Атлетико. Тоа е клуб што играше две финалиња во Лигата на шампионите во последните четири години, а во блиското минато ја освои и Лига Европа. Но, финалето во Франција е фантастична можност. Ниту еден француски тим не го освоил овој трофеј, би бил исклучителен успех доколку ние први го сториме тоа“, рекол тренерот на Марсеј, Руди Гарсија.

Олимпик Марсеј во својата историја има освоено два европски трофеја (Купот на шампионите 1993 и Интертото куп 2005), а трипати бил поразен во мечевите за трофеј (1991 во Купот на шампионите од Црвена звезда, 1999 во Купот на УЕФА од Парма и 2004 година од Валенсија во Купот на УЕФА).

Олимпик и Атлетико во текот на спортската историја одиграле два меча, во 2008 година во фазата по групи во Лигата на шампионите. Мечот во Марсеј заврши без голови, а во Мадрид Атлетико победи 2:1.

Влогот во финалниот меч е поголем за Марсеј бидејќи со евентуален триумф ќе обезбеди пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите бидејќи тоа не успеа да го направи во натпреварите од домашното првенство.

Атлетико, од друга страна, со Ла Лига го обезбеди настапот во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Натпреварот во Лион ќе започне во 20.45 часот, а ќе го суди Холанѓанецот Бјорн Кујперс.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Анализа: блокирани сметки – граѓаните се потешко ги враќаат кредитите

    Анализа: блокирани сметки – граѓаните се потешко ги враќаат кредитите

    Просечниот Македонец на банките им должи 1.169 евра. Народната Банка анализира дека домаќинствата се потешко ги отплаќаат кредитите, но истовремено има благо намалување на бројот…

  • Oва е првиот смартфон со чипот Snapdragon 670

    Oва е првиот смартфон со чипот Snapdragon 670

    Моделот „R17“ на кинеската компанија „Oppo“ ќе биде првиот паметен телефон со процесорот „Qualcomm Snapdragon 670“ (шест „Kryo 360“ јадра, „Adreno 615“ графика и „Snapdragon…

  • НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени

    НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени

    На 14 август 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани клучните показатели за домашната…

  • УЈП нема да ги користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка и динамика на потрошувачка

    УЈП нема да ги користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка и динамика на потрошувачка

    За претпополнетата годишна даночна пријава апсолутно е ирелевантно да користиме податоци за висина на износ на трансакциска сметка, начин на користење, состојба на сметка и…

  • НБС: Кризата во Турција нема да се прелеe во нашата земја

    НБС: Кризата во Турција нема да се прелеe во нашата земја

    Кризата во Турција поради падот на вредноста на турската лира не може никако да влијае на финансиската стабилност на Србија, рече денеска генералниот директор на…

  • Ни воздухот веќе не е бесплатен – Русите ги очекува плаќање еколошки данок

    Ни воздухот веќе не е бесплатен – Русите ги очекува плаќање еколошки данок

    Министерството за финансии на Руската Федерација предлага воведување еколошки данок со цел да се замени сегашниот надоместок за негативното влијание врз животната средина. Предложени се…

  • Заборавените детски игри ќе оживеат во паркот „Капиштец“

    Заборавените детски игри ќе оживеат во паркот „Капиштец“

    Детските игри, како криенка, плочка, граница, ластик, џамлии, сервис, беа главна забава за време на летниот распуст. Но, веќе со години не е така. Нивното…

  • Вредноста на „Амазон“ е речиси 1.000 милијарда долари

    Вредноста на „Амазон“ е речиси 1.000 милијарда долари

    Вредноста на компанијата „Амазон“ изнесува 940 милијарди долари, а акциите на фирмата достигнаа нов максимум. Со ова „Епл“ набргу може да добие конкуренција затоа што…

  • Дневните весници во Германија губат читатели

    Дневните весници во Германија губат читатели

    Печатените дневни весници во Германија дневно ги читаат речиси 40 милиони луѓе, што е 1,3 милион помалку отколку во истиот период минатата година, соопштија од…

  • УЕФА Суперкупот заминува за Мадрид! Реал и Атлетико во пресметка за трофејот!

    УЕФА Суперкупот заминува за Мадрид! Реал и Атлетико во пресметка за трофејот!

    Денес епицентарот на фудбалските случувања е во естонскиот Талин. Во Супер купот ќе се сретнат мадридските ривали, европскиот првак Реал и освојувачот на Лига Европа,…