28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодготвена ли е Русија за Светското фудбалско првенство?

Подготвена ли е Русија за Светското фудбалско првенство?

Од 14-ти јуни до 15-ти јули Русија ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, но дали земјата е подготвена за тоа? Нижни Новгород, каде што ќе се одржат шест средби, меѓу кои четврт-финалето и натпреварот од групната фаза меѓу Англија и Панама, на пример беше на влакно од неуспех да не го доврши 45-илјадниот стадион навреме, пишува „Ројтерс“.

Во обид да ја активираат работата градските власти побараа уште работници од други градови со ветувања за бесплатна храна и сместување. Локалниот министер за спорт Сергеј Панов објасни дека има потреба од дополнителна работна сила за да биде финализирана работата. И молбите имале успех, бидејќи на стадионот веќе се одигра и првиот официјален натпревар.

Напорите на локалните власти сепак донекаде потсетуваат на бригадите од социјалистичкото минато, кога студентите помагаа за бербата, пишува уште агенцијата.

Москва се надева дека ќе биде успешен домаќин на првенството, за да го исчисти својот имиџ во момент во кој е во затегнати односи со Западот. Светското првенство ќе се одржи во 11 руски градови, меѓу кои престолнината Москва, Санкт Петербург, Казан, Сочи и Калининград.

Пред една недела рускиот претседател Владимир Путин изјави дека подготовките се „речиси завршени“.

89%, или 2,3 милиони од билетите за натпреварите од првенството се веќе продадени, пишуваат руските медиуми. 54% од нив се купени од странци, покажува статистиката.

Од „FIFA“ исто така се задоволни од завршената работа од Русија за организирање на првенството, станува јасно од сајтот на организацијата. Претседателот Џани Инфантино коментираше по посетата на Сочи дека повратните информации од сите експерти се одлични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП