Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,872.21 -0.65%    BESK 8,017.33 3.6%    GRNT 748.68 4.56%    KPSS 300.00 -36.31%    MPT 31,000.31 0%    OHB 6,396.66 -0.83%    REPL 62,000.00 0.81%    RMDEN13 96.70 0.73%    RMDEN14 96.10 0.63%    RMDEN16 95.50 0%    RZIN 125.00 4.17%    SBT 1,951.00 -0.61%    SLAV 3,600.00 0%    STB 1,015.50 -0.27%    STBP 1,180.55 5.3%    STIL 130.00 -0.94%    TEL 278.08 2.99%    TNB 12,929.50 -4.14%    TTK 881.96 2.88%    UNI 2,360.00 -0.04%    USJE 23,003.00 -0.63%    ZPKO 2,857.00 0%    

Театарски „Оскар“ во Турција за претставата „Ромео и Јулија“ на Дејан Пројковски

Време: 14:36

Датум: мај 15, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Театарската претстава „Ромео и Јулија“ во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски ја доби највисоката театарска награда во Турција. Театарскиот „Оскар“ на ансамблот му беше доделен на гала свеченоста на Турската академија „Афифе Зале“, одржана во понеделникот во Истанбул. Театарските „Оскари“ се најпрестижната театарска манифестација во Турција.

Претставата „Ромео и Јулија“ е во продукција на Националниот театар од Турција, а во уметничката екипа, покрај професионалци од Турција, од Македонија учествуваа и композиторот Горан Трајковски, кореографката Олга Панго и асистентот на режија Атила Клинче.

Премиерно претставата на Пројковски беше изведена есента минатата година на сцената на Националниот театар во Истанбул и веднаш постигна одличен успех и кај публиката и кај критиката, која уште тогаш најави дека ќе биде „голем кандидат за годишните театарски награди“.

Во својата рецензија, еден од најистакнатите театарски критичари во Турција, Јашам Каја, меѓу другото, напиша: „За да ја опишам оваа претстава, нема да згрешам доколку го искористам зборот – совршена, додавајќи дека „приказната која е ставена во еден чин, а трае повеќе од 2 часа, не остава простор за потреба од пауза, бидејќи секако ќе ја гледате во еден здив “.

Претставата е на редовниот репертоар во Истанбул и има најмалку по 14 изведби месечно.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Свети Кирил во Рим

    Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Свети Кирил во Рим

    Вчера во Палата Брачи на Музејот во Рим, во рамки на програмата на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, се одржа заедничка културно –…

  • Меѓународно признание за „Синедејс“

    Меѓународно признание за „Синедејс“

    Фестивалот на европски филм „Синедејс“ чиј организатор е Младинскиот културен центар, културна установа на Градот Скопје кој традиционално дава финансиска поддршка на овој фестивал, успеа…

  • Изложба на Ана Ивановска во Берлин

    Изложба на Ана Ивановска во Берлин

    Во организација на галерија Прима Центар во Берлин, денеска со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Славејќи ја бесконечноста“ на академската уметничка…

  • Летно издание на фестивалот Скопје синема сити

    Летно издание на фестивалот Скопје синема сити

    Од 6 до 10 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи летното издание на фестивалот Скопје синема сити. Фестивалот ќе биде отворен со филмот…

  • Изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во Музејот на македонската борба

    Изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во Музејот на македонската борба

    Денеска со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба ќе биде отворена изложбата „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“. Изложбата е…

  • „За животните и луѓето“ во Музејот на Македонија

    „За животните и луѓето“ во Музејот на Македонија

    Вечерва со почеток во 19 часот во Музејот на Македонија свечено ќе се отвори изложбата на Етнографскиот музеј од Загреб „ За животните и луѓето“,…

  • Феми Кути со Македонската филхармонија и „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески на отворено

    Феми Кути со Македонската филхармонија и „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески на отворено

    Македонската филхармонија, Кино Милениум и Град Скопје, на 6 и 7 јуни ќе бидат дел од два настани кои што ќе се случат под отворено…

  • Изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во Музејот на македонската борба

    Изложба „Светите браќа Кирил и Методиј“ во Музејот на македонската борба

    Утре со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба ќе биде отворена изложбата „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“. Изложбата е…

  • Фантастичен прием на „Дивата круша“ на Нури Бигле Џејлан на Канскиот филмски фестивал

    Фантастичен прием на „Дивата круша“ на Нури Бигле Џејлан на Канскиот филмски фестивал

    Македонија по вторпат како малцинска копродукција учествуваше на најпрестижниот филмски фестивал во светот. Преку „Сестри и брат Митевски продукција“ Македонија учествува во најновиот филм на…

  • Десет концерти на „ОФФест“ од 31 мај до 5 јуни

    Десет концерти на „ОФФест“ од 31 мај до 5 јуни

    Седумнаесеттото издание на фестивалот „ОФФест“ ќе се одржи од 31 мај до 5 јуни. Програмата вклучува актуелни и врвни имиња од т.н. музика на светот…