4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкопски пазар АД Скопје ги објави финансиските резултати за периодот јануари-март 2018

Скопски пазар АД Скопје ги објави финансиските резултати за периодот јануари-март 2018

Скопски пазар АД Скопје за периодот Јануари-Март 2018 година оствари нето добивка од 1.439 илјади денари.

Вкупни приходи
Остварените вкупни приходи во периодот Јануари – Март 2018 година изнесуваат 73.423 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат промена од (52)%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 94%, имаат приходите остварени со продажба на услуги и добра, кои во споредба со остварените во 2017 година бележат промена од (51)%, како
резултат на затварање на малопродажната мрежа.

Вкупни расходи
Остварените вкупни расходи во периодот Јануари – Март 2018 година изнесуваат 71.410 илјади денари и во споредба со истиот период од 2017 година бележат пад од (52)%. Забележан е пад на оперативните расходи од (54)% како резултат на затварање на малопродажната мрежа и согласно воспоставената политика на економичност, одговорно работење и засилена контрола на трошоците.

Дивиденда
На редовното Годишно собрание во јуни 2017 година не беше донесена одлука за исплата на дивиденда за 2016 година.
За распределбата на остварената добивка за 2017 година ќе се одлучува на престојното редовното Годишно собрание на акционери.

Инвестиции
Вкупните инвестиции во нематеријални , материјални средства , вложувања во недвижности и инвестиции во периодот Јануари – Март 2018 година изнесуваат 2.763 илјади денари. Во 2017 година отпочнат е инвестиционен проект за изградба на станбено-деловен простор Тафталиџе во површина од 924м2. Добиено е одобрение за градба бр.УП-09-27/25.01.2018 издадено од Градоначалник на општина Чаир со правосилност од 21.03.2018 година и започнати се активности за реконструкција на Бит Пазар
Скопје.

Оперативните приходи се опаднати за (52)%, како резултат на затварање на малопродажната мрежа. Останатите оперативни приходи се намалени за 57% во однос на истиот период од 2017 година. Друштвото во континуитет реализира стабилни приходи од издавање на деловен простор и недвижности со тенденција значајно да ги подобрува севкупните деловни резултати преку издавање
на севкупниот недвижен имот расположив за издавање. Оперативни расходи се намалени за (54%). Вкупната сеопфатна добивка на 31.03.2018 е 158.732 илјади денари.

Нагласени промени во Билансот на состојба на ден 31.03.2018 година
Материјални средства и вложувања во недвижности Во периодот Јанури – Март 2018 година извршен е пренос на деловни објекти во категорија на недвижности за изнајмување со нето евидентирана вредност од 114.098 илјади денари. Недвижностите за изнајмување кои се сопственост на Друштвото и се состојат од градежни објекти (магацински и деловен простор) се признаени по објективна вредност, која претставува пазарна вредност утврдена од страна на надворешни проценители и ефектот од проценката на вкупен износ од 157.173 илјади денари е признаен како ревалоризациона резерва во рамките на капиталот на Друштвото (2017: 1.252.932 илјади денари). Друштвото за првите три месеци од 2018 година изврши инвестирање во вкупен износ 2.763 илјади денари.

Обврски
Обврските кон добавувачите се намалени за 104.397 илјади денари или (32)% во однос на претходниот период. Краткорочни и долгорочни обврски за кредити се намалени за 98.940 илјади денари или (18%). Останатите обврски се зголемени за 48%, како резултат на примени аванси по основ на меморандуми за идна соработка и договори за продажба. Вкупните краткорочни и долгорочни обврски се намалени за 97.316 илјади денари или за 8%. Главнина и резерви Главнината е зголемена за 221% како резултат на вреднувањето на вложувањата во недвижности по објективна вредност и зголемување на ревалоризационите резерви.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП