25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ќе игра во чест на Нелсон Мандела

Барселона ќе игра во чест на Нелсон Мандела

Фудбалерите на Барселона на 16.мај ќе гостуваат во Јоханесбург, Јужна Африка. Шпанскиот шампион, по повод 100-годишнината од раѓањето на Нелсон Мандела, ќе одигра пријателски натпревар против јужноафриканскиот шампион Мемелоди сандуанс.

„Барселона секогаш му се восхитувала на Нелсон Мандела. Тој е еден од најголемите лидери на 20.век, кој по 27 години минати в затвор станал прв декократски избран претседател на Јужна Африка“, се наведува во соопштението на Барселона.

Натпреварот ќе се одигра на ФНБ стадионот, на кој Шпанија во 2010 година ја освои титулата светски првак.

Ова ќе биде второ гостување на Барселона во Јужна Африка, претходно во 2007 година, исто така во пријателски меч, забележа победа 2:1 над Мемлоди сандаунс.

Пред натпреварот во Јохансбург, Барселона ќе игра во првенството против Леванте (13.мај), а по тој меч на 20.мај против Реал Сосиедад ќе ја заврши сезоната.

Каталонскиот тим ја освои 25.титула во клупската историја, го освои и Купот, а до крајот ќе се обиде да стане првиот тим уште од 1933 година што ја завршил сезоната без пораз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП