ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал го сруши 34 години стариот рекорд на Мекинро

Надал го сруши 34 години стариот рекорд на Мекинро

Рафаел Надал стигна до 50 освоени сета едноподруго на земјена подлога, откако со 6:3/6:4 го совлада Аргентинецот Диего Шварцман за пласман во четврт-финалето на Мастерсот во Мадрид.

Шпанецот, очекувано, повторно доминираше на црвената земја во мечот од 1 час и 44 минути, за да го совлада рекордот на Џон Мекинро од 49 освоени сета едноподруго на освоена подлога (тепих во 1984 година). Надал оди на шеста титула во шпанската престолнина и му беше доволен еден брејк да го освои првиот сет, и иако загуби сервис во вториот, врати со два брејка за да го продолжи рекордот.

Следен за Надал е Доминик Тим, откако австрискиот специјалист за игра на земја се врати од сет-негатива за 2:6/7:6(5)/6:4 победа над Хрватот Борна Чориќ. Претходно, Хуан Мартин дел Потро доживеа неочекуван пораз од Србинот Душан Лајовиќ со 3:6/6:4/7:6(6).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП