6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонски автори вечерва ќе настапат во Софија

Македонски автори вечерва ќе настапат во Софија

Вечерва во рамките на седмиот меѓународен книжевен фестивал „Ноќ на европската литература“, во организација на Чешкиот културен центар во Софија, а со партиципација на Културно-информативниот центар на Република Македонија и учество на преку дваесет и пет земји, ќе биде претставен романот „Изабела, Исмаела и Аз“ од реномираниот македонски писател, сценарист и новинар Сашо Кокаланов.

Романот е преведен на бугарски јазик во 2006 година и е издаден од издавачот „Балкани“. Делови од романот пред софиската публика ќе читаат македонските актери Игор Дамјанов и Ѓорги Георгиев -Антика. Манифестацијата има огромна медиумска подршка и е мошне популарна во софијската културна јавност, а се одржува и во десетина други градови на Бугарија.

Во рамките на „СоФест 2018 – Западни Балкани“, фестивал во чест на бугарското претседавање со Советот на Европа, македонскиот музичар и светски гитарист Влатко Стефановски заедно со Теодосиј Спасов (Бугарија), Јелена Јововиќ (Црна Гора), Васил Хаџиманов (Србија), Дритан Хакурани (Албанија) и Амар Чеслар (Босна и Херцеговина) ќе одржи концерт во познатиот „Софија лајв клуб’“ со почеток од 20 часот.

Свој настап вечерва ќе има и младиот пијанист од Република Македоникја Арда Мустафаоглу во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, во организација на Министерството за бугарското претседавање со Советот на Европа и фондацијата „Димитар Бербатов“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП