25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора е меѓу најбрзорастечките туристички дестинации во светот

Црна Гора е меѓу најбрзорастечките туристички дестинации во светот

Светскиот совет на патување и туризам (WTTC) ја прогласи Црна Гора зе една од најбрзорастечките туристички дестинации во светот, а светските медиуми пренесуваат дека оваа мала балканска земја е идеална дестинација за купување на недвижен имот.

Туристите и посетителите на црногорскиот брег годинава ќе ги дочекаат 438 плажи, пишуваат регионалните медиуми. Квалитетот на морската вода на црногорските плажи се следи од мај до октомври во двонеделни интервали, на 100 локации по должината на брегот.

Според проценките на туристичките организации, во текот на 2018, Црна Гора ќе има околу 30 плажи со меѓународно признатото сино знаме, кое е показател за нивната уреденост.

Светските медиуми пренесуваат дека цените за сместување во Црна Гора се достапни и остануваат на ниво од минатата година. Инаку, земјата има околу 400 хотели со над 40.000 легла, а само во 2017 година беа отворени 32 нови хотела, од кои 75 проценти се од високата класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП