26 април, 2024
ПочетнаАНАЛИЗИБерза - неделен преглед

Берза – неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(12.11 – 16.11.2012)

 

 

И понатаму продолжува трендот на исклучително слабо тргување на Македонската берза. Минатата недела прометот се намали за уште 20% во однос на неделата претходно и достигна само 15,5 милиони денари (3 милиони денари просечно дневно). Во остуство на тргување и индексот МБИ10 речиси и да немаше промена, истиот доживеа минимална корекција надолу од -0,08%. Индексот МБИД забележа неделен пораст од +1,35%, пред се како резултат на порастот на цените на акциите Арчелормиттал ЦРМ Скопје од 6,12% и Кјуби Скопје од 7% на неделно ниво. Веќе и не мора да се потенцира кои беа најтргуваните три акции изминатата недела. Комерцијална банка Скопје имаше промет од 1,2 милиони денари, Алкалоид Скопје 5,6 милиони денари, а Македонски Телеком Скопје 1,4 милиони денари.

Минатата недела, Владата донесе одлука со која примената на оданочувањето на приходите од каматата се одложува до моментот на приемот на Македонија во Евроспката Унија. Бидејќи со оваа мерка директно се влијае на зголемувањето на приносите од инвестиции во штедни влогови, истата дополнително ќе го дестимулира инвестирањето во акции каде што сеуште се оданочуваат капиталните добивки и дивидендите. Со евентуално укинување на данокот на капитални добивки од тргување со акции и укинување / намалување на персоналниот данок на доход кој се наплаќа на дивидендите, во многу би се придонело во интензивирањето на тргувањето на Македонската берза и тоа особено со акциите на оние компании кои работат профитабилно и чиј дивиденден принос во моментот е над банкарските камати.

Движењата на берзите во регионот беа следни: SBI10 имаше пад од -1,01% на неделно ниво. Crobex неделата ја заврши со пад од -0,47%. Белградскиот Belex по двонеделниот раст забележа намалување на вредноста од -1,55%, а софискиот Sofix раст од +0,19%.

Негативниот тренд што започна од предминатата недела на светските берзи се пренесе и во неделата што е зад нас. Неизвесноста околу излезот на еврозоната од финансиската криза, податоците за нејзиното повторно влегување во рецесија, како и податоците за фискалните движењата во американската економија и кварталните резултати на американските компании, придонесоа движењата на светските берзи во изминатата недела да изгледаат: Германскиот DAX забележа пад од -3,04% на неделно ниво, FTSE 100 пад од -2,80%, како и CAC 40, кој имаше намалување од -2,06%. DOW JONES имаше пад од -1,77%, NASDAQ од -1,76% а S&P 500 пад од -1,46%. NIKKEI 225 имаше неделен пораст од 4,06% што се должеше на одлуката на јапонскиот парламент да издаде дополнителни државни обврзници со цел да се избегне банкротот на земјата.  HANG-SENG имаше неделно намалување од -1,27%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП