23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул и Стоилов: Нема опуштање, Кил е квалитетен тим

Раул и Стоилов: Нема опуштање, Кил е квалитетен тим

Еден натпревар или 60 минути го делат европскиот шампион Вардар од нов настап на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Вардар, в недела, ќе го пречека Кил, во реванш натпреварот од четврт-финалната фаза. Во реваншот европскиот првак ќе влезе со предност 29:28.

Вардар е фаворит против Кил, но сите во црвено-црниот табор се свесни, дека Кил не е наивен противник и дека фаворитската улога треба да ја покажат на теренот.

„Ова ни е последен меч од Лигата на шампионите сезонава во Скопје. Имаме еден гол разлика од првиот натпревар и сметам дека овој резултат е добар. Сега играме дома и пред нашите навивачи. Сепак, не се опуштаме свесни сме дека Кил има квалитет. Има одлични ракометари кои ќе знаат да се снајдат и во Скопје. На првиот меч играа добро 3-2-1 одбрана, а за нас беше тешко да нападнеме против оваа одбрана. Моите ракометари се подготвени и сакаме уште еднаш да играме во Келн. Сите сметаат дека во Скопје ќе немаме проблем. Сите очекуваат од нас да победиме. Ќе играме под притисок, а свесни сме дека ќе биде тешко бидејќи имаме одличен противник за ривал”, вели тренерот Раул Гонзалес.

Вардар во првиот меч перфектно одигра против сите одбрани што ги сменија противничките играчи, а зрелоста, квалитетот и разновидноста во играта ја покажа и со фактот дека победата во Германија беше извојувана без некој позначителен голгетерски учинок на играчите од бековската линија.

„Кил е еден од најдобрите клубови во историјата на ракометот, и имаме респект кон нив. Победивме во Кил, но треба да го заборавиме овој дуел, во реваншот мораме да тргнеме како да е 0-0 и да се мотивираме бидејќи фајна-лфорот во Келн е нашата единствена опција”, рече капитенот на тимот Сојанче Стоилов.

Дуелот в недела ќе започне во 17 часот, сите билети се распродадени, вратите на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат отворени од 15:30 до 16:45 часот, а поради важноста на натпреварот и големиот интерес ќе има засилени мерки на безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП