ПочетнаЕКОНОМИЈАВиетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

Компанијата Сансити планира следната година да го отвори досега најголемото казино во Виетнам. Проектот Хојана се простира на 1.000 хектари и изградбата на планираните хотели, голф терени и водни паркови и чини околу четири милијарди долари.

Главна цел на казиното се кинеските туристи. Сансити веќе стопанисува казина во Макао и има искуство во бизнисот.

Во Виетнам паралелно се градат уште два големи казино-комплекси, во Вон Дон на северот на земјата и на островот Фу Кок, кои ќе бидат отворени и за виетнамските државјани.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП