25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал преку Тим до дуел со Димитров

Надал преку Тим до дуел со Димитров

Рафаел Надал освои девет гема во низа за да го отвори мечот против Доминик Тим, човекот кој последен пат го победи на земјена подлога, за да влезе во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло со 6:0/6:2 победа.

Петтиот носител Тим, кој претходно двапати бил подобар од Надал на земја, доби аплаузи од публиката кога конечно освои гем во вториот сет, но не можеше да направи апсолутно ништо да го спречи Шпанецот да победи.

За место во финалето и шанса да се бори за 11. титула во малото кнежевство, Надал ќе се бори со Бугаринот Григор Димитров, кој со 6:4/7:6(5) беше подобар од Давид Гофан во меч полн со грешки. Гофан водеше со 4:0 во вториот сет, но откако пропушти три сет-топки на 5:4, Димитров ја презеде контролата.

Подоцна, Марин Чилиќ ќе се судри со Кеи Нишикори, а Александер Зверев со Ришар Гаске во другите две четврт-финалиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП