24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекордни приходи за клубовите од Премиер лигата

Рекордни приходи за клубовите од Премиер лигата

Клубовите во Премиер лигата забележале рекордни приходи и профит во сезоната 2016-2017, тврди истражувањето на „Делоит“.

Вкупниот приход на тимовите на англиската фудбалска елита се зголемуваат за речиси една милијарда фунти, на 4,5 милијарди.

Колективната добивка пред оданочување од 0,5 милијарди фунти е речиси три пати поголема од претходниот рекорд од 0,2 милијарди во сезоната 2013-14, објави „Делоит“.

Вкупните трошоци за плати во целиот шампионат пораснале за девет отсто на 2,5 милијарди фунти, што е нов рекорд, но растот е значително понизок, од вкупниот раст на приходите од речиси 25 отсто.

Анализата на „Делоит“ откри дека клубовите во Премиер лигата ја направиле колективната добивка пред да ги платат даноците во последните три од вкупно четири години. Овој тренд се очекува да продолжи и покрај намалувањето на приходите од договори за ТВ права за период од 3 години, почнувајќи од сезоната 2019-2020.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП