ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ воведува царини на кинески соларни панели

ЕУ воведува царини на кинески соларни панели

suntech-china-us-solar-manufacturing

Европската унија постепено ќе воведува царини на увоз на кинески соларни панели, изјави денеска еврокомесарот за трговија Карл де Гухт.

Со тоа претставници на Брисел и Пекинг добија дополнителни два месеци за да пронајдат решение, по што овие антидампинг мерки ќе ги почувствуваат во целост.

– Европската комисија денеска едногласно одлучи да воведе казнени царини на кинески соларни панели, по откритието дека на европскиот пазар се продавани и до 88 отсто под цената, изјави Де Гухт.

Де Гухт рече дека првобитните царини, кои ќе стапат во сила од четврток, ќе бидат во висина од 11,8 отсто, по што на 6 август, доколку дотогаш не дојде до постигнување договор, ќе скокнат на просечните 47,6 отсто.

Кина во Европа во текот на 2011 година извезе соларни панели во вредност од 21 милијарди евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП